Во 1948 година, д-р Ханс Бокелс ја основа компанијата со седиште во Ахен и таа го носи неговото име. Пред тоа, со години работел во АЕГ во Берлин во секторот за мерна технологија. По реконструкцијата на Германија по Втората светска војна, во урнатините имало многу неактивирани бомби, гранати и муниција. Затоа, д-р Ханс Бокелс развива и произведува метален детектор за цивилна употреба, чија цел била да ги заштити мажите и машините од опасност. Тој, исто така, произвел и специјален мобилен уред за откривање на гранати во дрвната индустрија, како и за откривање на потоната муниција во водите кај Хамбург. Кога количините на заостанатата муниција започнале да се намалуваат, Бокелс размислувал како да продолжи да ги користи своите знаења и технологија за добробит на луѓето. Како резултат на тоа, Бокелс станал првиот германски производител што користел технологија за детекција на метали во индустриски цели. Во тие денови, металните детектори биле познати како „уредите на Бокелс“. Таа технологија еволуирала систематски и кон средината на 50-тите години на минатиот век започнале да се додаваат ваги на ленти, заедно со опремата од Boekels во секојдневниот процес на производство.
Конечно, во 60-тите години, динамичките контролни ваги -„чеквејери“ се вклучени во опсегот на производи од Boekels за следење на процесот на полнење за да се намали отпадот на суровината, бидејќи е воведен процес за проверка на нето содржината во Германија во 1972 година, како и ширум светот. Динамичките контролни ваги главно ги користеле за проверка на тежината на спакуваниот производ во согласност со законот. Boekels станува познат низ цела Европа како производител на високо квалитетни „чеквејери“, доверливи метал детектори и индустриски ваги.
На 01.01.1998 компанијата „Dr Hans Boekels GMBH & Co“ во целост е преземена од страна на компанијата Sartorius AG Gotingen. Претходната година компанијата Boekels остварила промет од 26 милиони германски марки, профит од 1,9 милиони германски марки. Во тој период вработувала 151 работник. Со овој стратешки потег, компанијата Sartorius значително го проширува својот производно-продажен програм. Името на компанијата е сменетo во Sartorius Intec. Компанијата Sartorius со години настојува да ја развие процесната опрема, да ја унапреди во склад со потребите и барањата на корисниците и така станува пионер во производството на метал детекторите, динамичките контролни ваги и индустриските ваги.
S-LAB Kontrola е основана во почетокот на 2013 година, како овластен застапник и сервисер на компанијата Sartoirus Lab Instruments GmbH за пазарот во Србија. Седиштето на компанијата е во Нови Сад. Во 2015 година станува сертифициран партнер од страна на Minebea Intec за испорака и сервис на процесна опрема (метал детектори, динамички контролни ваги, индустриски ваги и мерни ќелии) за пазарите во Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Република Српска.
Од 01.01.2019, S-LAB Kontrola станува и овластен застапник на компанијата Sartoirus Lab Instruments GmbH - Германија, за пазарот во Црна Гора.
Компанијата во системот на работа го имплементираше стандардот ISO 9001 - стандард за систем за менаџмент на квалитетот со што сака да настојува да обезбеди повисоко ниво на квалитет за крајните корисници.
Со стручен и искусен тим, компанијата S-LAB Kontrola DOO работи на тоа да на идните и постојните клиенти, корисници на широк спектар на производи на компаниите Sartorius и Minebea Intec им обезбеди стручна помош, совет и сервиси.